Серхеј Бојцов е познат како екстремен спортист од Русија кој прави неверојатни работи. Последниот негов предизвик кој го исполни, беше да заигра фудбал на 1.800 метри над земјиното тло, што преставува апсолутен светски рекорд.
На платформа закачена под балонот кој беше во воздух, Бојцов заедно си уште двајца спортисти, решија да играат фудбал на 1.800 метри над земјата.
Снимката е направена во округот Јасногорск во регионот Тула, кој се наоѓа на надморска височина од 240 метри надморска височина, што значи дека тројцата Руси играле фудбал на надморска височина од 2.040 метри надморска височина.
Интересно е што ова е рекорд за висината на која се играл натпреварот над земјата, но надморската височина е сепак половина од онаа на стадионот „Минисип де Ел Алто“ во боливискиот град Ла Паз, кој се наоѓа на надморска височина од 4.080 метри.

Бојцов е инфлуенсер познат по слични акробации, а ова не е прв пат да ѝ пркоси на гравитацијата. Имено, тој претходно споделил слични снимки од спортски активности на надморска височина од 1.500 метри. Покрај фудбал, тој играл и пинг-понг на надморска височина, а организирал и боксерски натпревар.

