Рускиот џин кој ги праќаше противниците „на спиење“, сега ги заспива малите деца

Николај Валуев е една од најмаркантните личности во боксот во последниве 15-тина години. Русинот делуваше застрашувачки кога ќе се појавеше во рингот со своите 215 сантиметри и над 150 килограми. Валуев двапати беше светски првак во ВБА-верзијата, но сепак кариерата ја заврши со пораз.

Во 2009 година, Валуев во легендарната борба загуби од Дејвид Хеј, а неколку дена подоцна стави крај на кариерата.

Сега, 10 години по завршување на боксерската кариера, Валуев има сосема поинаква кариера која нема допирна точка со спортот. Тој доби место во рускиот парламент и стана политичар. Освен во политиката, Валуев доби уште една улога за која никогаш не сонувал.

Некогашниот боксер стана водител на руското детско шоу „Добра ноќ малечки мои“. Тоа е детска емисија која со децении постои во Русија, а и самиот Валуев кога бил дете ги слушал приказните пред да заспие.

„Никогаш не ни можев да замислам дека еден ден јас ќе бидам водител на мојата омилена детска емисија“, изјави Валуев.

- Оглас -

Најнови вести