Рускиот гимнастичар доби сурова казна за тоа што излезе со лого од инвазијата над Украина (ФОТО)

Иван Кулијак, руски гимнастичар којшто во март годинава на делбата на медалите на СП во Доха, Катар, излезе со логото “Z”, што означува победа на Русија во инвазијата над Украина.

Тој во финалето изгуби од Украинецот Илија Ковтун и се одлучи на ваков контроверзен испад, а тоа скапо ќе го чини. Кулијак доби едногодишна суспензија од страна на Светската гимнастичарска федерација, а ќе мора да го врати и освоениот сребрен медал, како и наградата од 500 евра што ја доби со пласманот.

„Кулијак нема да има право да настапува наредната година во официјалните меѓународни натпреварувања, а ќе мора да го врати медалот, како и финансиската награда што ја освои.

Ние како Светска федерација го осудуваме ваквиот потег“, се вели во соопштението на Меѓународната гимнастичарска федерација.

- Оглас -

Најнови вести