Рускиот куп ќе му припадне на Локомотив Москва

Локомотив Москва ќе го освои купот на Русија, Риека ќе даде гол против Динамо во второто полувреме, а Базел нема да загуби на гости кај Тун се предвидува со квотите на денот на обложувалниците Sport Life. Ние како додаток додадовме по еден предлог од финалето на кипарскиот куп и плејофот во италијанската Серија Б.

 

Урал – Локомотив Москва (17.30 часот)

Во финалето на Купот на Русија, кое се игра во Самара, не би смеело да има изненадување, иако Урал неочекувано дојде до највисоката скала во ова натпреварување. Локомотив Москва е голем фаворит и според квотата на денот на Sport Life, ќе извојува сигурна победа, што значи триумф без примен гол.

Урал нема победено од 25 април, а интересно е што таа победа му беше на гости кај Самара, на истиот стадион на којшто ќе игра против Локо. Овие тимови играа меѓусебе и во неделата, домаќин беше Урал, а средбата заврши 2-2.

Предлог тип: 2 сигурна (2.65)

 

Динамо Загреб – Риека (18.00 часот)

Финалето на Купот на Хрватска се игра во Пула, што значи дека за навивачите на Риека ќе биде многу поблиску да дојдат да го бодрат својот тим. Против кого и да игра во Хрватска, Динамо е фаворит, па така е и сега, но традицијата покажува дека ако Риека не прими повеќе од еден гол, може да се надева на успех. Веројатно разликата во квалитет ќе се покаже во првиот дел, а Риека ќе се ослободи во второто полувреме и ќе даде барем еден гол.

Предлог тип: Т2 1+ второ (2.40)

 

Тун – Базел (20.00 часот)

Овој меч од швајцарското првенство има многу поголемо значење за Тун отколку за Базел, но квалитетот е на страна на гостите, кои доколку играат сериозно, нема да загубат. Базел е втор и ќе остане таму на крајот на сезоната, а Тун се бори за Европа и има еден бод помалку од третиот Лугано, но и само еден повеќе од шестиот Сент Гален, кој чека кикс на Тун или Цирих за да се пробие меѓу петте најдобри.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.15)

 

АПОЕЛ Никозија – АЕЛ Лимасол (18.00 часот)

Тимот од Никозија е најдобар во Кипар, а играњето на свој стадион против АЕЛ во финалето на Купот му дава одлична прилика за двојна круна. Во саботата, овие тимови се сретнаа во Никозија, во меч од лигата и АПОЕЛ славеше со убедливи 4-0. АЕЛ на четири дуели со АПОЕЛ сезонава не успеа да даде гол. Иако купот е непредвидлив, прогнозираме победа на првакот.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Верона – Пескара (21.00 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето во плејофот на Серија Б во Италија и се очекува голема изедначеност. Верона беше петта, а Пескара четврта на табелата, а сега добиваат шанса да се вратат во Серија А. Последните четири дуели на овие екипи завршија со голови на двете страни. На 27 април, во Пескара одиграа 1-1 и тоа им е единствен меѓусебен меч во 2019 година.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

- Оглас -

Најнови вести