Си Су-Веи и Елиз Мертенс се новите шампионки на Вимблдон, по победата од 2:1 во сетови во драматично финале против Елена Веснина и Вероника Кудерметјова.
Русинките кои на чудесен начин се спасија од порази во двата претходни меча, сепак не успеаја да приредат нов подвиг, иако имаа сервис за титула.
Кудерметјова не успеа да го реализира сервисот при предност од 7:6 во третиот сет, а потоа потклекна и Веснина, па мечот што траеше над два и пол часа го добија Су-Веи и Мертенс со 3:6, 7:5, 9:7.
Двете нови шампионки почнаа да играат заедно неодамна, во март годинава и ова им беше само петтиот турнир како партнерки во женски двојки и веќше ја освоија првата гренслем титула заедно.
Су-Веи сега има вкупно четири пехари во женски двојки на гренслем турнирите, ова и е трет на Вимблдон, а еден освои на Ролан Гарос. Мертенес ја слави првата титула во дубл.