Данска очекувано ја победи Швајцарија вечерва на домашен терен со 31:26, во вториот меч од првото коло во квалификациите за ЕП 2022 година.
Овој меч е значаен и за Македонија бидејќи сме во истата група заедно со Данците и Швајцарците и со Финска, која ја победивме со 33:24.
Расмус Лауге беше расположен за игра и за голови, постигна 9 за актуелниот светски првак и ги предводеше Данците до сигурна победа.
Мечот беше решен веќе по порвото полувреме, што го добија домаќините со 14:8, а потоа само рутински ја одржуваа разликата.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1324445176375447558?s=20
Кај Швајцарците, и на мечот најефикасен беше Енди Шмид со 10 погодоци. Со оваа репрезентација ќе го играме следниот меч од седмата група, на гостински терен во сабота од 18.30 часот.