Интер Мајами и Лионел Меси се многу блиску до тоа наскоро да објават нов долгорочен договор на аргентинската ѕвезда со американскиот клуб, открива „ЕСПН“. Сопственикот на клубот, Хорхе Мас, изјави дека ќе направи сè што е можно за Меси да го продолжи договорот и да остане на Флорида до крајот на својата кариера.
Преговорите меѓу двете страни веќе се на финалната линија и веста треба да биде соопштена во наредните денови.
Лионел Меси пристигна во Интер Мајами во јули 2023 година со договор до крајот на календарската 2025 година. Аргентинецот веднаш имаше голем придонес за својот нов клуб, освојувајќи ја титулата во Лига купот само неколку недели по дебито.
Во 2025 година, Меси има одиграно 36 натпревари со биланс од 28 гола и 12 асистенции во сите конкуренции.