Арина Сабаленка е голема фаворитка за победа во женското финале на Отвореното првенство на САД во тенис, но за нејзините навивачи подобро да не се суеверни, бидејќи оправдано ќе почнат да стравуваат од пораз против Американката Џесика Пегула која првпат игра гренслем финале.
Финалето е вечерва од 22 часот, а Сабаленка е фаворит поради квалитетот, искуството и билансот од 5-1 во дуелите против Пегула.
Американците се мераклии за вадење статистики, па еден новинар објави една црна серија на Сабаленка која најавува нејзин пораз вечерва во Њујорк.
Во 2012 година, Сабаленка го освои Австралија опен, а во финалето на САД опен истата година загуби од Американка (Серена Вилијамс). Истото се случи и во наредната 2013 година. Лани во 2023 година, Сабаленка ја освои титулата во Австралија, но го загуби финалето на САД опен од Американка (Коко Гоф). Годинава Сабаленка пак го освои Австралијан опен, а во финалето на последниот гренслем во годината игра со Американка.
Има уште една традиција која може да продолжи или да биде урната. Австралијан опен во 2023 и 2024 го освојуваше Белорусинка, „Ролан Гарос“ го освојуваше тенисерка од Полска, Вимблдон лани и годинава им припадна на Чехинки, а на САД опен има шанса и во 2023 и 2024 да триумфира Американка.