5.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Сабаленка експресно до полуфинале на ОП на Австралија, Зверев го чека Алкарас

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, лесно и убедливо славеше над американската тенисерка со српско потекло, Ива Јовиќ, и обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.

Белоруската тенисерка само за 90 минути го доби мечот со максимални 2-0, а на противничката ѝ препушти само три гејма, и тоа во првиот сет, додека во вториот славеше со максимални 6-0.

На машкиот дел од турнирот, првиот полуфиналист е Александер Зверев, кој со 3-1 славеше над Леарнер Тиен од САД. Германскиот тенисер откако со 6-3 го доби првиот сет, загуби во вториот, и тоа во тај-брејк, но потоа со убедливи 6-1 повторно дојде во водство.

Победата ја обезбеди во тај-брејкот во четвртиот сет и сега го чека Карлос Алкарас во полуфиналето, но Шпанецот најпрво ќе треба да слави над Алекс де Минор.

- Оглас -

Најнови вести