22.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Сабаленка ја смири американската публика и закажа финале со Анисимова на Отвореното првенство на САД

Белорусинката Арина Сабаленка и американската тенисерка Аманда Анисимова ќе се сретнат во финалето кај дамите на Отвореното првенство на САД.

Сабаленка, актуелната шампионка, ја совлада Американката Џесика Пегула, четвртата светска тенисерка на ВТА-листата, по пресврт со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-4) во полуфиналето.

Тоа беше одличен меч во кој Сабаленка спаси дури четири топки во последниот сет и на крајот ја замолкна американската публика која гласно ја бодреше Пегула.

Во второто полуфинале, Анисимова по неизвесен меч ја совлада Наоми Осака со 2-1 во сетови (6-7(4), 7-6(3), 6-3) и така се пласира во своето прво финале на Отвореното првенство на САД.

Сабаленка ќе има можност вторпат по ред да го подигне трофејот во Њујорк и да стане првата тенисерка по Серена Вилијамс на која ѝ успеало тоа.

Од друга страна, Анисимова годинава играше финале на Вимблдон, во кое загуби од Ига Швјонтек со 6-0, 6-0.

- Оглас -

Најнови вести