-6.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Сабаленка конечно го призна тоа што го знаеја сите: „Со Ѓоковиќ сфатив дека многу врескам“

Арина Сабаленка важи за една од најдобрите тенисерки на денешницата, но позната е и по силното врескање кога го удира топчето на натпреварите. Тоа често предизвикува незадоволство кај нејзините противнички, а кога ќе беше прашана за тоа, често се насменуваше и избегнуваше одговор. Сега, конечно го призна тоа што сите го знаеја.

„Немам контрола над тоа. Сфатив колку вреска дури кога играв против Новак Ѓоковиќ. Игравме егзибиционен натпревар и имавме озвузување, па дури тогаш сфатив колку врескам кога го удирам топчето. Си помислив ‘О Боже, ова е навистина лошо за другите, треба да им понудам тампони за уши’. Не сакам да ги нервирам луѓето, тогаш сакав да ја отстранам бубуцата, но мислам дека организаторот го гасеше звукот кога го удирав топчето.“ – рече Сабаленка.

Настанот кој го раскажа белоруската тенисерка се случи во Мелбурн, кога играше ревијален натпревар против Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести