17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Сабаленка преку Вондрушова до трето коло на турнирот во Синсинати

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, обезбеди пласман во третото коло на Мастерс турнирот во Синсинати, совладувајќи ја Маркета Вондрушова со 2-0 во сетови (7-5, 6-1).

Белорусинката, која ја брани титулата од минатата година, одигра сигурно и концентрирано, особено во дефанзивниот дел, каде успеа да спаси дури 12 брејк-топки против освојувачката на Вимблдон 2023.
Првиот сет беше неизвесен и пресуден за текот на мечот, додека во вториот Сабаленка целосно ја презеде контролата и рутински го затвори дуелот.

Ова беше нејзин прв настап по полуфиналето на Вимблдон, бидејќи го прескокна турнирот во Монтреал за да се одмори и да се подготви за завршницата на сезоната. Во осминафиналето, Сабаленка ќе се сретне со Британката Ема Радукану, која во второто коло ја елиминираше Србинката Олга Даниловиќ со 6-3, 6-2.

- Оглас -

Најнови вести