Сабонис надмина рекорд на Олајџувон, Торонто конечно победи, голем триумф на Далас без Дончиќ (Видео)

Литванецот Домантас Сабонис го направи 60-тиот дабл-дабл по ред, вкупно 73-ти сезонава во кошаркарската НБА лига, и го надмина легендарниот Хаким Олајџувон кој пред 31 сезона имаше 72 вакви остварувања.

Сабонис утрово имаше по 16 поени и скокови во минималниот пораз на неговиот Сакраменто кингс на гостувањето кај Бостон од 100-101. За Селтикс кој е најуспешен тим во лигата сезонава, тоа беше 61-ва победа.

За Торонто репторс заврши црната серија од 15 порази по ред. Канадскиот тим го совлада Милвоки со 117-111. Кај Бакс го немаше Јанис Адетокумбо и гостите го искористија неговото отсуство.

Партија на кариерата имаше Џавонте Грин од Чикаго булс кој постави лични рекорди од 25 поени и 13 скока со што му помогна на тимот да победи против Њујорк со 108-100.

Играч на вечерта во НБА лигата е Пи Џеј Вашингтон од Далас маверикс. Тој даде 32 поени, а го постигна и победничкиот кош за победа на Дивите телиња од 108-106 против Голден Стејт вориорс. Кај Далас го немаше Лука Дончиќ, но и без првиот стрелец во НБА, Далас дојде до 13-та победа на последните 15 меча, благодарение на расположениот Вашингтон. Далас има скор 4-6 во мечевите на кои на игра Дончиќ.

Ова е кошот за победа на Далас на 4,5 секунди до крајот:

- Оглас -

Најнови вести