САД е за враќање на руските спортисти на Олимписки игри, но само под еден услов

Олимпискиот комитет на САД нема ништо против учество на руските спортисти на Летните олимписките игри во Париз во 2024 година, но под услов да настапат под неутрално знаме, изјави претседателката на ОК на САД, Сузан Лајонс.

Минатата недела во Лозана се одржа олимписки самит на кој една од главните теми беа руските спортисти, односно дали да им се продолжи суспензијата или да им биде дозволен настап на Олимписките игри.

На крајот е донесена одлука дека забраната за учество на натпревари, како и организација на големи меѓународни спортски настани за Русија и Белорусија ќе остане на сила.

„Можеби е болно да се признае, но исклучувањето на Русија од спортот не враќа назад. Враќањето на руските спортисти е многу важно за олимпиското движење. Во исто време, продолжуваме да го поддржуваме народот на Украина и украинските спортисти. САД ја поддржуваат желбата да се најде решение за враќање на руските спортисти кои тренираат цел живот и работат напорно на меѓународните натпреварувања. Но, ние сме против тие да се натпреватуваат под руско знаме додека нивната земја е под санкции“, изјави Лајонс.

Руските спортисти настапија на Зимските олимписки игри што годинава се одржаа во Пекинг, но под неутрално знаме.

- Оглас -

Најнови вести