Садио Мане „бега“ од Баерн точно пред пријателската средба со Ливерпул

Сенегалската фудбалска ѕвезда Садио Мане, си заминува од Баерн Минхен и тоа непосредно пред пријателскиот меч со Ливерпул, клубот од кој Мане прејде во редовите на баварскиот гигант.

Баерн и Ливерпул ќе играат меѓусебе в среда во Сингапур, но таму ќе го нема Мане.

Мане не беше во составот на Баерн ни на контролата против јапонски Кавасаки, а најавите се дека тој в понеделник во Дубаи треба да оди на лекарски прегледи пред да потпише со саудискиот клуб Ал Наср, за кој игра и Кристијано Роналдо.

Во Ливерпул не им е мило што Мане после само една сезона си оди од Баерн, бидејќи вака остануваат без бонус од 7,5 милиони фунти. Мане не се изнаигра во германскиот првак, а после конфликтот со Лирој Сане, стана јасно дека Сенегалецот ќе треба да си оди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести