Садио Мане има добра душа, на сите семејства од неговото село секој месец им дава по 70 евра

Сенегалецот Садио Мане додека чека реализација на посакуваниот трансфер од Ливерпул во Баерн Минхен, се наоѓа дома, во родното село Бамбали, каде со пријателите одигра и една партија фудбал на екстремно каллив терен.

Кога видел на каков терен играат децата од селото, порачал во следните шест месеци на тоа место да се изгради убаво игралиште со вештачка трева.

Мане порасна во сиромашно семејство, рано остана без татко и добро знае колку им е тешко на неговите сонародници. Еден од најдобрите фудбалери на светот, во Бамбали со негови пари изгради и училиште, болница и џамија, а овозможи и бесплатен пристап до 4Г интернет мрежа.

На децата им донира бесплатна облека, а сите семејства од селото ги помага и финансиски, им дава по 70 евра секој месец. Инаку, Мане во Ливерпул месечно заработува околу 500.000 евра.

Тој е познат како скромен човек кој не го интересираат премногу материјални работи. Пред некоја година изјави дека не му требаат десет Ферарија, 20 часовници со дијаманти или два авиони бидејќи со тоа нема да го направи светот подобро место за живеење.

Мане има 30 години, а тој и понатаму е без девојка, иако благодарение на парите кои ги има, претставува магнет за многу жени. Мане објасни дека ќе се ожени со некоја што нема профил на социјалните мрежи и која редовно му се моли на Бог.

- Оглас -

Најнови вести