Садио Мане не промашува пенали, во 97-мата минута ја урна бетон одбраната на Зимбабве

Сенегал како еден од главните фаворити за титулата на Африканскиот куп на нациите се намачи за победа на стартот од турнирот во Камерун и во драматичен финиш го победи Зимбабве.

Првата ѕвезда на популарните Лавови од Теранга, Садио Мане, погоди од пенал во 97-мата минута и му ги донесе на Сенегал првите бодови во Б групата, каде што ривали се и Малави и Гвинеа.

Токму тие две селекции ќе играат меѓу себе од 17 часот, а во истиот термин ќе се игра и дербито од Ц групата меѓу Мароко и Гана.

Од 20 часот во рамките на истата група ќе се игра и натпреварот меѓу Габон и Комори.

 

- Оглас -

Најнови вести