25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Сагата околу Виктор Осимен конечно заврши, Галатасарај и Наполи се договорија

Виктор Осимен и дефинитивно се враќа во Истанбу, но овојпат како фудбалер на Галатасарај, а не како позајмен. Екипата од Истанбул и Наполи конечно постигнаа договор, а членот на Серија А ќе добие најмалку 75 милиони евра.

Галатасарај веднаш ќе треба да му исплати на Наполи 40 милиони евра, а дополнителни 35 милиони евра следната година. Актуелниот шампион на Италија може да добие и дополнителни пет милиони евра во бонуси, но 10% од евентуалната следна продажба на Осимен.

Со ова и дефинитивно завршува сагата околу Виктор Осимен, кој беше прекуброен во Наполи, но Аурелио де Лаурентис инсистираше да го продаде за висока сума, која на крајот и ја доби. 

- Оглас -

Најнови вести