Арсенал го комплетираше потпишувањето на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад во договор вреден речиси 60 милиони фунти.
Шпанскиот 26-годишен играч од средниот ред е второто засилување на Топчиите во летниот преоден рок, по доаѓањето на уште еден Баскиец, голманот Кепа Аризабалага, кој дојде од Челзи за 5 милиони фунти.
Зубименди во Арсенал ќе носи дрес со бројот 36.
Ова ќе биде повторното спојување на Мартин со Микел Мерино и Мартин Одегард со кои играѓе во Сосиедад.