Сагата заврши: Меси останува во Барселона до крајот на договорот?!

Сагата заврши со епилог во полза на Барселона. Според еден познат аргентински медиум, Лионел Меси останува на „Камп ноу“ уште една сезона, поточно до јуни 2021 година, кога истекува неговиот договор. Тоа значи дека капитенот на Каталонците идното лето ќе си замине како слободен играч.

Иако Хорхе Меси, таткото на Лео, тврдeшe дека клаузулата од 700 милиони евра во договорот не постои и ја демантираше анализата на Ла Лига, сепак таа останува на сила барем до јануарскиот преоден рок.

Во меѓувреме не е најден начин за Меси уште сега да си замине од клубот без отштета и не сака преку суд да изнуди заминување, па затоа ќе го испочитува договорот до крај, а дури потоа ќе бара нова средина.

Се очекува Меси наскоро да се приклучи на подготовките на екипата во пресрет на новата сезона, а ќе настапи дури на 26 септември, во дуелот против Вилјареал.

 

- Оглас -

Најнови вести