Меси: Во договорот со Барселона никаде нема клаузула од 700 милиони

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, како претставник на фудбалерот, испрати писмо до претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека го отфрла соопштението на Лигата од пред неколку дена во врска со договорот на Лео Меси со Барселона, со кое се тврди дека договорот е на сила и има откупна клаузула.

„Не знаеме кој договор сте го анализирале и врз основа на што заклучивте дека има клаузула во случај на негово еднострано раскинување. Очигледно е дека сте направиле грешка. Во договорот стои дека компензација не е потребна ако прекинувањето на договорот е унилатерална одлука на играчот доколку тоа се случи на крајот на сезоната 2019/20. Очигледно е дека не постои никаде откупна клаузула од 700 милиони евра“, стои во писмото кое покажува дека Меси сепак уште сака да си оди од Барса како слободен играч и не донел одлука да остане во клубот.

Вчера и претпладнево се зборуваше дека Меси се премислил и дека сега одлучил да остане во Барселона уште една сезона, но ова писмо покажува дека тоа не е точно и дека и понатаму планира да си замине како слободен играч. Изгледа не може без драми кога се во прашање вакви потенцијално големи трансфери.

- Оглас -

Најнови вести