Големата ракометна ѕвезда се жали на условите во Египет: Катастрофа, ова е Див Запад

Сандер Сагосен се жали на условите во Египет и вели дека организацијата на ракометниот Мундијал на почетокот е катастрофална.

Норвежанецот објасни дека неговата репрезентација е сместена во хотел, во услови што треба да бидат строги поради пандемијата со ковид-19, но и дека никој не ги почитува правилата.

„Ова е како на Дивиот Запад. Требаше да биде балон со почитување на строгите правила поради пандемијата, но никој не ги почитува. Луѓето не носат маски, во хотелот влегува и излегува кој како сака, на ручек сме сите заедно и од сè што беше ветено, ништо не е исполнето“, вели Сагосен за норвешките медиуми.

Актуелниот европски првак со Кил вели дека норвешката репрезентација тренирала на необично место и во чудни услови за ракомет.

„Трениравме на терен на едно парче земја, па наместо ракомет, игравме малку фудбал и малку вежбавме. Ова е трагикомедија, некаква пародија, ако можам вака слободно да се изразам“, додава еден од најдобрите ракометари на светот.

Норвешка е еден од главните фаворити за златото на Мундијалот во Египет, а почнува утре, со мегадуел против Франција во првото коло од Е групата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести