Шпанецот Карлос Саинс го оштети своето Ферари откако со својот болид со голема брзина удри во заштитната ограда кај последната кривина пред стартно-целната рамнина на патеката Хунгароринг крај Будимпешта на која се возат квалификации и битка за пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија.
После инцидентот на Саинс кој загуби шанси за добар пласман, но барем спаси глава и избегна повреда, квалификациите беа прекинати на кратко, а потоа продолжија.