Саинс тргна од пол-позиција, а трката му заврши уште во прв круг и тоа не по негова вина

Инцидентот на Карлос Саинс и Џорџ Расел во првата кривина после стартот на трката за Големата награда на САД, го одбележа стартот на вечерашата трка од Формула 1 шампионатот.

Саинс од Ферари беше на пол-позиција, се надеваше на втора победа во кариерата, но стартуваше лошо, го загуби првото место од Макс Ферстапен, а дополнителен малер му се случи кога Расел од Мерцедес удри во неговиот болид.

После сударот, Саинс се најде на последно место и поради оштетувањето ја заврши трката, додека Расел доби казна од пет секунди.

- Оглас -

Најнови вести