Сака да лапне премија: Неговиот тим водеше, па 72-годишниот претседател на клубот влезе во игра!

Несекојдневна случка на натпревар во италијанскиот град Фоџа го привлече вниманието на многу медиуми. На мечот од деветтата лига помеѓу екипите на Сокер Сторнара и Асколи Сатријано, во игра кај домашниот тим, кој победи со 5-2, влезе напаѓачот Себастијано Посилипо.

Нормално е кога еден тим губи да се обиде со свеж напаѓач, но Сторнара водеше, а господинот Посилипо е претседател на клубот и плус тоа има 72 години. Носи дрес со бројот 51 затоа што е роден во 1951 година.

Сведоците на историскиот настан велат дека Посилипо имал една шанса, но не постигнал гол.

- Оглас -

Најнови вести