Сакаше да изненади, но имаше еден од најлошите сервиси во историјата на тенисот (Видео)

На тенискиот турнир во Истборн, кој се игра на тревната подлога како една од последните подготовки за Вимблдон, денеска играа Александер Бублик и Лоренцо Сонего, победи Италијанецот Сонего со 2-0 во сетови, но Казахстанецот го привлече вниманието со еден потег.

Бублик се обиде да го изненади Сонего со сервис од под рака, но изненадувањето не успеа, па сите му се смееја на Бублик откако топчето заврши далеку во аут. Во минатото, на Бублик му има успеано финтата, но не и денеска.

- Оглас -

Најнови вести