15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Казахстанец во хеланки ја направи најјаката финта на „Ролан Гарос“ (Видео)

Казахстанскиот тенисер Александер Бублик приреди изненадување во првото коло на „Ролан Гарос“ со триумф од 3-1 во сетови против осмиот носител, Французинот Гаел Монфис.

Миленикот на париската публика прерано испадна, но мораше да му честита на Казахстанецот (49-ти на АТП листата), кој за првпат во кариерата победи против еден од Топ-10 тенисерите. Бублик имаше неколку феноменални потези, за кои му честиташе атрактивниот Монфис, а при еден сервис од долу, сите останаа закопани во место од зачуденост.

Погледнете каков необичен ас отсервира Бублик:

- Оглас -

Најнови вести