Страшна повреда доживеа една француска спортистка на натпреварот во кревање товар во Грузија. Гејл Најо Кетчанке се натпреваруваше на Европското првенство во категорија до 76 килограми и секогаш по лошо ќе го памти овој настап. Французинката два пати се обиде да крене 110 килограми, но не успеа.
При третиот обид да ја крене посакуваната тежина, едноставно откажа раката на натпреварувачката. Поради големата тежина, левата рака на Французинката се скрши. Повредената спортистка веднаш била пренесена во болница, каде констатирале дека има скршеници на две места на раката.
Impactante lesión de Gaelle Nayo Ketchanke en el campeonato de Europa de halterofilia. Codo izquierdo. #Halterofilia pic.twitter.com/JCAqhtwtUQ
— Samuel Hernando (@SamuHernando) April 11, 2019
Оваа страшна повреда доаѓа само неколку дена по повредата која ја здоби американската гимнастичарка Саманта Серио.