Крај на кариерата за една гимнастичарка (Вознемирувачко видео)

На едно гимнастичко натпреварување во САД, младата Саманта Серио си ги скрши двете нозе при доскок додека изведуваше вежба на партер. Серио важеше за една од најперспективните гимнастичарки во САД, ѝ се предвидуваше голема кариера во овој спорт, но повредата со која се здоби ќе ја чини скапо.

Девојката беше при крај со вежбата и откако направи двојно салто, при доскокот доживеа страшна повреда. Публиката во салата беше во молк, не им се веруваше што се случи. По операцијата, Серио објави дека за неа ова бил последен настап и дека веќе нема да се занимава со гимнастика.

Доколку имате силен желудник, погледнете ја снимката, останатите, подобро не го отворајте видеото:

- Оглас -

Најнови вести