Салах блеска и руши нови рекорди, а Ливерпул уште не му нуди нов договор

Ливерпул ја прекина серијата победи откако одигра 3:3 на гостувањето кај Њукасл во меч на кој повторно блесна Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач постигна два гола, а имаше и една асистенција.

Фактот дека Салах имаше и гол и асистенција успеа да постави еден рекорд во Премиер лигата. Голгетерот на Ливерпул стигна до 37 натпревари, на кои има постигнато гол и имал асистенција. Досегашен рекордер во оваа категорија беше Vејн Руни со 36 средби на кои имал двоен ефект, односно да има и гол и асистенција.

На оваа листа се наоѓаат и Тјери Анри со 32 мечa на кои имал гол и асистенција, Алан Ширер 31, Енди Кол 28, Франк Лампард 27, Кевин де Брoјне 27…

Актуелниот договор на Салах со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона, а голгетерот неодамна се пожали дека уште никој од челниците на клубот не го контактирал околу понудување нов договор.

- Оглас -

Најнови вести