Салах добива честитки на социјалните мрежи, Ливерпул му ги исполнил сите желби

Поранешниот репрезентативец на Египет, а сега спортски новинар, но и голем пријател на Мохамед Салах, Хајтам Фарук, ги возбуди навивачите на Ливерпул откако на социјалните мрежи му честиташе на сонародникот за новиот договор со Црвените“.

Фарук напиша: „Ти честитам на продолжувањето на договорот со бројките и времетраењето што го посакуваше. Египетскиот крал владее“.

Иако сè уште не е официјално потврдено, дел од британските медиуми објавија дека Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд роуд“, откако изминатиот период имаше голема неизвесност дали легендата на клубот ќе остане или ќе си замине.

- Оглас -

Најнови вести