Салах е фаворит за стрелец во дербито, првиот гол треба да падне во првите 20 минути

Двата најтрофејни клуба во Англија ќе играат на „Енфилд роуд“, а домаќинот Ливерпул е голем фаворит. Тимот на Јирген Клоп е во „мртва трка“ со Манчестер сити за титулата, додека Црвените ѓаволи од „Олд Трафорд“ грчевито се борат да стигнат до едно од првите четири места на табелата, за да може и следната сезона да играат во Лигата на шампионите.

Во првиот меч сезонава, Ливерпул го понижи Јунајтед и славеше на „Олд Трафорд“ со 5:0. Во последните три меѓусебни дуели беа постигнати дури 16 голови и секогаш беше 5+ на голови.

На четири од последните пет меча на овие екипи, првиот гол бил постигнуван најдоцна до 18-тата минута. Мохамед Салах на последните пет меча има дадено дури седум голови во дуелите со Манчестер јунајтед, а сега тој е главен фаворит да биде стрелец на првиот погодок, но и да постигне погодок во текот на мечот. Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате на три од последните четири средби изненадувачки беше стрелец на првиот погодок.

Кристијано Роналдо, кој вчера имаше семејна трагедија, е со квота од 7.50 за да биде стрелец на првиот гол, a 18 е коефициентот за првиот погодок да биде автогол. Може да се обложите и на бројот на корнерите кои ќе бидат изведени, како и тоа дали ќе има пенал или црвен картон, како и кој ќе ја има првата замена.

- Оглас -

Најнови вести