Следниот гол што ќе го постигне Мохамед Салах ќе биде историски за него. Во средата, Салах го даде единствениот погодок за Ливерпул во победата од 1:0 над Фулам и тоа беше 313 пат да се радува на погодок.
Со тој погодок, Салах се израмни со легендарниот египетски фудбалер Хосам Хасан, кој досега беше на врвот на листата најефикасен египетски голгетер. Следниот меч Ливерпул ќе го игра против Брендфорд на „Енфилд роуд“, а доколку Салах погоди, ќе биде најефикасниот египетски голгетер на сите времиња.
Liverpool forward Mohamed Salah will become the highest scoring Egyptian of all time if he finds the net against Brentford in the Premier League at Anfield on Saturday.https://t.co/rIbWdEnPW9
— SABC News (@SABCNews) May 5, 2023
Салах најмногу погодоци постигна во дресот на Ливерпул (185), како играч на Рома постигна 34 погодоци, 20 пати погодуваше за Базел, а се радувал на погодоци и како играч на Ал-Мокавлун (12), Фиорентина (9) и Челзи (2). Во националниот дрес на Египет постигна 53 погодоци.