8.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Салах ги поканил роднините и пријателите на мечот против Брајтон, но Слот повторно ќе го изостави од составот?!

Мохамед Салах ги поканил роднините и пријателите на мечот против Брајтон во сабота бидејќи токму овој натпревар за него може да биде последен на „Енфилд роуд“, но и воопшто во дресот на Ливерпул.

Сепак, последните информации од Островот говорат дека тој воопшто нема да биде во составот на Ливерпул за мечот против Брајтон и слично како против Интер во Лигата на шампионите, ќе биде изоставен.

По овој натпревар, Салах заминува во репрезентацијата на Египет, со која ќе настапи на Африканскиот куп на нациите, а потоа започнува и зимскиот преоден рок, а со оглед на проблемите кои ги има со Арне Слот, нема да биде изненадување тој да го напушти „Енфилд“ уште во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести