Салах ги уплаши навивачите: Не знам што носи иднината

Мохамед Салах, ѕвездата на новиот англиски шампион Ливерпул, ги уплаши навивачите со својата изјава за радиото „Ла ФМ Колумбија“, дека неговата иднина би можела да биде надвор од „Енфилд“.

Салах пред неколку дена конечно ја крена титулата во Премиер лигата, минатата сезона го дофати пехарот во Лигата на шампионите, така што можно е да тргне во потрага по нов предизвик.

„Во моментов сакам да уживам во нашиот успех. Ја освоивме Премиер лигата, лани Лигата на шампионите, пресреќен сум за нашето остварување. Сепак, никој не знае што ќе се случува во иднина, тоа допрва ќе видиме“, истакна Салах.

Популарниот Фараон како што го нарекуваат фановите на Ливерпул, има договор со шампионот до јуни 2023 година, а нема сомнежи дека би ги разочарал своите навивачи доколку се одлучи еден ден да си замине од Мерсисајд.

- Оглас -

Најнови вести