Салах го постигна најбрзиот пенал во историјата на ЛШ, тоа оди во полза на Ливерпул

Ливерпул ја задржа предноста од 1-0 до која дојдоа во втората минута од средбата. Салах ја имаше должноста да го изведе пеналот кој беше досуден во 22-та секунда, во ситуација кога обидот на Мане заврши во раката на Сисоко, а судијата Скомина ги казни Петлите од Лондон.

Со одлуката на Словенецот се испиша историја во ова финале, ова е најбрз пенал во историјата, не само во едно финале, туку во целата Лига на шампиони воопшто. Ѕвездата на Црвените во точно 1:48 минута ја затресе мрежата на Љорис, што значи дека ова е втор најбрз погодок во едно европско финале – Паоло Малдини го постигна најбрзиот гол во историјата по само 50 секунду, во финалето од 2005 година токму против Ливепрул.

Во ситуации кога Ливерпул први постигнувале гол, редовно го освојувале европскиот пехар: 1977, 1978 и 1981 година.

Сепак, има еден факт кој на Ливерпул нема да му се допадне. Екипите кои први ја треселе мрежата во почетните 5 минути во едно финале, истото го губеле по пенал-рулет. Вакви порази претрпеле Валенсија во 2001 година против Баерн Минхен (1-1, 5-6 на пенали), како и Милан во 2005 година против Ливерпул (3-3, 2-3 на пенали). Затоа фудбалерите на Јирген Клоп немаат право на грешка во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести