Салах и Мане еден против друг ќе решат кој ќе игра на Мундијалот во Катар, а кој ќе остане дома

Мегаѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах и Садио Мане ќе бидат големи ривали во борба за настап на Светското првенство во Катар на крајот од годинава. Ждрепката сакаше Египет и Сенегал да играат меѓусебе во баражот за настап на Мундијалот 2022 година.

Салах и Мане се одличен тандем во Ливерпул, но сега ќе мора меѓусебе да играат а на крајот, победникот ќе игра на Мундијалот, додека поразениот ќе извиси.

Вкупно пет баражи ќе се играат во Африка за да се дознаат учесниците на планетарниот собир. Освен дуелот Египет – Сенегал, како дерби дуели се и Камерун – Алжир и Гана – Нигерија, додека место во Катар ќе обезбедат и подобрите од дуелите ДР Конго – Мароко и Мали – Тунис.

- Оглас -

Најнови вести