Две четвртфинални пресметки се играат на Африканскиот куп на нации, дуели по кои ќе бидат познати селекции што ќе продолжат во походот за освојување на медали на континенталниот собир.
Нигерија е во блага предност против Алжир, но факт е дека Нигериците штрајкуваа и негодуваа затоа што не им се исплатени бонусите кои ги заслужиле, па атмосферата во екипата сигурно не е на највисоко ниво.
Како главен фаворит за стрелец на првиот гол е Виктор Осимен кај Нигерија, а Ријад Марез кај Алжир. Тука се и многуте игри за шутеви во рамките на голот, бројот на изведени корнери, покажани жолти картони, направени фаули, „уловени“ офсајди…

Египет предводен од Мохамед Салах ќе има многу тешка задача да го елиминира Брегот на Слонова коска. Салах е главен фаворит за стрелец на првиот гол и стрелец во тек на средбата, а тука е и ѕвездата на Манчестер јунајтед Диало Амад во дресот на Брегот на СК. Интересни се и комбинациите за стрелец на погодок и победник на меч.


