Салах: Ќе ми недостасува Мане, но…

Мохамед Салах и Садио Мане цели пет сезони беа еден од најдобрите напаѓачки тандеми во светот на фудбалот. Овие двајца голгетери го предводеа Ливерпул до освојување на трофеи во шесте највредни натпреварувања, но во новата сезона ситуацијата во тимот од „Енфилд роуд“ ќе биде поинаква.

Мане реши да си замине од Ливерпул и го облече дресот на Баерн Минхен. Салах прв пат зборуваше за тоа дали ќе му недостасува Мане како тандем во нападот.

„Ќе ми недостасува Садио. Имавме одлични сезони во Ливерпул, а му посакувам се најдобро. Сега тука е Дарвин Нуњес и сакам тој да постигнува мнгу голови за нашиот тим“, рече Салах кој го продолжи договорот со Ливерпул до јуни 2025 година и ќе добива неделна плата од околу 420.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести