-7.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Салах може да се врати во тимот во којшто играше пред да потпише за Ливерпул

Мохамед Салах беше еден од најзаслужните играчи што Ливерпул минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата. Сепак, во тековната сезона голгетерот го загуби стандардното место во стартниот тим, па со тоа порасна и незадоволството кај египетскиот репрезентативец.

Самиот Салах дури и јавно зборуваше дека е незадоволен и дека е можно веќе никогаш да не заигра во дресот на Ливерпул. Моментално Салах има репрезентативни обврски и со Египет настапува на Африканскиот куп на нациите, додека Ливерпул синоќа се мачеше и не можеше да му даде гол на Лидс, па средбата на „Енфилд роуд“ заврши без голови. Ливерпул има 12 бода помалку од лидерот Арсенал.

Италијанскиот „Туто Меркато“ ги подгреа шпекулациите дека Салах може да си замине од Ливерпул во зимскиот преоден рок и да дојде во Рома. Италијанскиот клуб е добро познато место за Салах затоа што тој настапуваше за гигантот од „Олимпико“ пред да направи трансфер во Ливерпул во 2017 година.

Размислувањата се Салах да дојде во Рома како позајмен играч до крајот на сезоната, но проблем е платата што ја добива голгетерот во Ливерпул, а тоа е 24 милиони евра годишно без даноци.

Салах сезонава одигра 20 меча за Ливерпул, а во дел од нив влезе како резерва. Има биланс од пет гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести