Eгипетската ѕвезда Мохамед Салах е исфрлен од тимот на Ливерпул за утрешниот меч против Интер во Лигата на шампионите, а веќе наголемо се шпекулира дека тој во јануари ќе си замине од „Енфилд“.
Во последните три натпревари, Салах влезе само на еден, и тоа од клупата за резерви, додека на другите два натпревари воопшто не доби шанса за настап.
По натпреварот со Лидс, кој завршија со 3-3, Салах јавно го изрази своето незадоволство и предизвика вистинска бура на Островот.
„Ова не ми е прифатливо. Не знам зошто ми се случува ова, не разбирам. Многу сум разочаран. Толку многу направив за овој клуб. Сите тоа можат да го видат низ годините, особено минатата сезона. Ми делува како клубот да ме фрли под автобус. Така се чувствувам, како да сака некој да ме направи виновен за сè“, изјави Салах.
Во меѓувреме, ситуацијата на „Енфилд“ ја следи Рома.
Тренерот Џанпјеро Гасперини сака Салах во својот тим и, според италијанските медиуми, постои начелен договор помеѓу клубот и играчот. Тој во 2017 година дојде токму од Рома во редовите на Ливерпул, а сега му се нуди можност повторно да заигра на „Олимпико“.

