Како што станува сè понеизвесна борбата за титулата во Англија, така се зголемуваат и коментарите и реакциите. Ливерпул денеска со 2-0 победи на гости кај Кардиф. Вториот гол на гостите беше од пенал, кој го реализираше Милнер откако претходно во шеснаесетникот беше фаулиран Мохамед Салах.
Salah wins a penalty. Harsh? pic.twitter.com/Cnxg0JUNVT
— Balsport (@balsport_) April 21, 2019
По завршување на мечот, тренерот на Кардиф, Нил Ворнок, го спореди Салах со еден од најдобрите британски скокачи во вода, Том Дeјли, кој на Олимписките игри во 2012 година во Лондон освои бронзен медал.
„Тоа беше еден театрален пад на Салах по едно обично туркање со тело. На Салах би му дал оценка 9,9 за тој пад. Нешто слично како Том Дејли“, вели Ворнок, кој додава дека имало чист пенал за Кардиф, но судиите тогаш ништо не виделе, а оправдувањето е дека помошникот судија бил заслепен од сонцето во тој момент.