Египќанецот Мохамед Салах, кој е предводник на Ливерпул и еден од најдобрите фудбалери на светот, рече дека бил непријатно изненаден кога во гласањето за „Златната топка“ на „Франс фудбал“, бил само седми.
Наградата за фудбалер на годината во изборот на новинарите кои гласаат за „Златната топка“, ја освои Лионел Меси.
„Верувајте ми, бев разочаран кога видов дека сум на седмо место. Не би сакал да зборувам за теории на заговор, не би било чесно кон победниците. Многумина беа изненадени. Има многу држави кои не се познати во фудбалскиот свет. Мислам дека има изненадувачки резултати“ – вели Салах кој влезе во топ 3 во изборот на ФИФА.