Тимот на Ливерпул се подготвува за мечот од Лигата на шампионите против Интер на „Џузепе Меаца“, а египетската ѕвезда Мохамед Салах остана дома бидејќи не беше вклучен на списокот на менаџерот Арне Слот. Се разбира, ова е реакција на изјавата на Салах дека „некој сака да го обвини“ токму него за слабите резултати, алудирајќи на менаџерот, но и на раководството на клубот.
Салах објави фотографија од вежбалната на Ливерпул на „Енфилд“ и веднаш ги запали фановите на клубот на социјалните мрежи. Најголем дел од нив му даваат поддршка на Мо Салах, кој низ годините се стекна со статус на вистинска легенда на клубот.
— Mohamed Salah (@MoSalah) December 9, 2025

