Во најголем дел од фудбалските првенства во Европа следува фазата на кулминација. Освен борбата за титулите во домашните првенства, ќе биде возбудливо и во една друга категорија, а тоа е борбата за „Златна копачка“.
Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах е лидер во европски рамки во категоријата за „Златна копачка“, но неговата позиција не е толку комотна. изминатиов викенд Салах не играше, а тоа го искористија неговите најголеми конкуренти Роберт Левандовски, Килијан Мбапе и Виктор Ѓокереш.
Салах сезона во Премиер лигата постигна 27 голови и има вкупно 54 бодови во трката за „Златна копачка“. Роберт Левандовски кој вчера постигна два гола за Барселона, има 25 погодоци и со 50 бодови е втор на оваа листа.
Трет е Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Ѓокереш има дадено 30 погодоци, но неговите погодоци се множат со 1,5 поени, затоа што португалското првенство не е во Топ 5 елитни лиги. Затоа Ѓокереш има 45 поени и е за еден поен пред Килијан Мбапе од Реал Мадрид. Мбапе сезонава даде 22 голови и со 44 бодови е четврти на листата во трката за „Златна копачка“. Со по 44 бодови се и Хари Кејн и Матео Ретеги, а во Топ 10 се уште и Усман Дембеле и Ерлинг Халанд кои имаат по 42 бодови.