„Само“ 15 милиони евра го делат Ливерпул од квалитетно засилување

Ливерпул е на прагот да го обезбеди првото засилување за новата сезона, откако англискиот првак ги договори условите со ѕвездата на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара. Шпанскиот репрезентативец му кажа „да“ на Ливерпул, но сега на клубот му останува потешката задача, а тоа е да ги заврши преговорите со Баварците.

Германскиот шампион бара 40 милиони евра, додека првата понуда од Ливерпул наводно изнесувала 25 милиони евра. Само 15 милиони евра го делат гигантот од „Енфилд“ од квалитетно засилување, но се чини дека напорите ќе вродат со плод.

Изминаа седум години откако Тијаго до замени дресот на Барселона со оној на Баерн, а во својата 29-та година е блиску да оствари уште еден голем трансфер и да игра за трет голем клуб како што е Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести