Само бод за Македонија ЃП, Башкими убедлив против Саса, победа на Арсими

Македонија Ѓорче Петров одигра без голови на гостувањето во Гевгелија против Кожуф, во меч од 24 коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Со овој бод, тимот од Ѓорче Петров сега има 53 бодови на врвот на табелата, но сега е на делба на првото место со тимот на Башкими кој славеше убедливо со 5:0 против Каменица Саса.

Во трка за висок пласман останува и Арсими кој победи на гости кај Скопје со 2:0. Интересно е дека убедлив беше и последнопласираниот тим на Вардарски, откако со 3:0 го победија Охрид.

Резултати: Скопје – Арсими 0:2, Кожуф – Македонија ЃП 0:0, Вардар Н. – Брегалница 1:0, Каменица Саса – Башкими 0:5, Новаци – Победа 0:0, Осогово – Беласица 0:0, Вардарски – Охрид 3:0, Детонит Плачковица – Борец 2:0.

Табела: Македонија ЃП 53 бодови, Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит Плачковица 36, Беласица 35, Охрид 35, Скопје 34, Кожуф 32, Каменица Саса 32, Вардар Неготино 27, Новаци 34, Победа 23, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести