28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Само двајца македонски претставници на Евровизија влегле во финале во последните 14 години

Тоа што Андреа како претставничка на Македонија на музичкиот натпревар Евросонг нема големи шанси да се пласира во саботното финале, не е изненадување.

Андреа вечерва треба да настапи во полуфиналето, но традицијата вели дека македонските претставници тешко се пробиваат до финале во последно време. Покрај тоа, Андреа го навлече и гневот на јавноста со потегот со фрлањето на знамето и прашање е дали може да се надева на гласови.

Од 2008 година наваму, само Калиопи со „Црно и бело“ во 2012 и Тамара со „Proud“ во 2019 година стигнале до финалето на Евровизија.

Според обложувалниците, Андреа е најголем аутсајдер во денешното полуфинале, а во вторникот од десетте фаворити за влез во финале, се пласираа седум, што значи дека сепак можно е и некое изненадување.

- Оглас -

Најнови вести