Ќе се случи ли чудо? Македонија е со најмали шанси за влез во финалето на Евровизија

Македонската пејачка Андреа Коевска вечерва во Торино ќе пее на Евровизија. Андреа е дел од втората полуфинална вечер на која ќе учествуваат 18 земји, а најдобрите 10 ќе се пласираат во финалето кое е закажано за 14 мај.

Нашата пејачка ќе се претстави со песната Circles, но според коефициентите во Sport Life, ќе биде вистинско чудо ако Андреа се пласира во финалето. Од сите 18 претставници, македонската песна е со најмали шанси за влез меѓу најдобрите.

Ако верувате дека Андреа ќе се пласира во финалето, коефициентот за тоа е дури 7.50. Сите останати земји имаат помали квоти за влез во финалето.

Од оние земји кои се рангирани како фаворити се: Полска, Австралија, Србија, Финска, Естонија, Шведска и Чешка, кои речиси имаат загарантирано место во финалето.

Евровизиската вечер започнува во 21 часот, а Македонија настапува 11-та по ред.

- Оглас -

Најнови вести