Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џејмс Харден, само еден ден по елиминацијата во полуфиналето во Источната конференција, сериозно размислува да се врати во Хјустон рокитс, објави новинарот Адријан Војнаровски.
Оваа вест доаѓа неполни 24 часа по поразот на Филаделфија од Бостон селтикс со 112:88 во решавачкиот седми натпревар во полуфиналето на Истокот. Главните ѕвезди на Филаделфија потфрлија на овој натпревар, Харден постигна само девет поени, додека Џоел Ембид, кој беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, постигна 15 поени.
Harden is “very serious” about a potential return to the Rockets, per @wojespn
More here: https://t.co/dCWTIDxbRt pic.twitter.com/djc76eGmAA
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 15, 2023
Војнаровски смета дека Хјустон има големи шанси да победи на лотаријата и да го добие правото да избира прв на годинешниот драфт и да го земе талентираниот Французин, Виктор Вембанјама.
„Правото на првиот избор на драфтот може да биде клучно за враќањето на Харден. Хјстон може да биде тимот од кој Харден ќе ги добие парите што ги бараше од Филаделфија. Мислам дека сериозно размислува за враќање. Ќе биде интересно во наредниот период“, изјави Војнаровски.
Харден девет сезони играше за Хјустон, од 2012 до 2021 година, по што се пресели во Бруклин нетс, каде што остана една година и потоа дојде во Филаделфија.